На 21.11.2025 во 19:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Кеј Братство- Единство“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген шаран“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(63) од с.Мало Турчане, гостиварско, удрило во пешакот П.П.(76) од Гостивар.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.