– Знаеме дека ја започнуваме оваа година со слаб раст, со некои добри вести на пазарот на трудот, но зголемена е загриженост за надолните ризици предизвикани од геополитичките тензии, наведе Џентилони на почетокот на состанокот на министрите за финансии на ЕУ.
Тој додаде дека тоа што се случува во Црвеното Море во моментот не влијае врз цените на енергенсите и инфлацијата, но оти трева многу внимателно да се следи ситуацијата, бидејќи последиците би можеле да се почувствуваат во наредните недели.
Претседателот на Квинс колеџот во Кембриџ и главен економски советник во гигантот за финансиски услуги „Алијанц“, Мухамед Ел-Еријан денеска за Би-би-си изјави дека поради конфликтот во Црвено Море, на светот му се заканува повисоки стапки на инфлација, повисоки каматни стапки на хипотеките и понизок економски раст.