Македонија Беа опфатени неколку локации

Реализирано есенско порибување во Национален парк „Маврово”

Во Мавровско Езеро се уфрлени 200 килограми крап и 100 килограми поточна пастрмка. Реката Радика и притоките се порибени со 100 кг поточна пастрмка.

Реализирано есенско порибување во Национален парк „Маврово”

Во Национален парк „Маврово“ заврши есенското порибување на водите на територијата на паркот за разновидност на рибниот фонд.

Како и претходните години, со порибување беа опфатени неколку локации по течението на реката Радика со нејзините притоки и Мавровското Езеро, кои се најзначајните водни живеалишта во Националниот парк.

Во Мавровско Езеро се уфрлени 200 килограми крап и 100 килограми поточна пастрмка. Реката Радика и притоките се порибени со 100 кг поточна пастрмка.

Есенското порибување го следеше надлежен инспектор и беше со стручна поддршка од вработените во ЈУНП „Маврово”. (МИА)

 

Најнови вести од Македонија

To top