Хроника нема жртви, само запалени автомобили

Во Велес се запали „Форд“ во движење и зафати „Рено“

Возилото, управувано од 52-годишниот С.Р. од Велес, се запалило во движење, а притоа било оштетено и едно паркирано возило, од марката „рено“, со велешки регистарски ознаки. Оштетеното возило било сопственост на 34-годишниот А.Б. од Велес

Во Велес се запали „Форд“ во движење и зафати „Рено“

Околу 10:30 часот вчера, на улицата „8 Септември“ во Велес, пред Народниот музеј избил пожар на патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки.

Возилото, управувано од 52-годишниот С.Р. од Велес, се запалило во движење, а притоа било оштетено и едно паркирано возило, од марката „рено“, со велешки регистарски ознаки. Оштетеното возило било сопственост на 34-годишниот А.Б. од Велес.

Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.

Поврзани теми

To top