Ракомет

Гарабаја: Потфрливме во одбраната,не успеавме да го неутрализираме противникот

Гарабаја: Потфрливме во одбраната,не успеавме да го неутрализираме противникот

Екипата на Е.Пелистер им се врати на поразите во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион загуби на гостувањето кај ПИК Сегед (35-20).

Тренерот Рубен Гарабаја ги сподели импресиите по мечот во Унгарија и кажа дека одбраната потфрлила, а исто така се немало и помош од голманите.

„Во нашиот меч минатата недела нашите голмани имаа дури 50% успешност во одбраните, а такво нешто не успеавме да повториме. Нашата одбрана беше послаба. Не браневме еден на еден ситуации, исто така бевме и слаби во два на два. Не успеавме да го неутрализираме и Лазар Кукиќ, па сметам дека овие беа клучните работи кои ни донесоа успех минатата недела“, изјави Гарабаја.

To top