Познати ТАЖНА ВЕСТ

Почина македонската пејачка Бади Бекир

Нарекувана е македонската Весна Змијанац.

Почина македонската пејачка Бади Бекир

Тажна вест попладнево се рашири на социјалните мрежи. Почина македонската пејачка Небахат Бади Бекир.

Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапувала со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Бади беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска. Нарекувана е македонската Весна Змијанац.

По објавувањето на денешната тажна вест се огласи и Росана, која откри дека Бади боледувала од најтешката болест.

Првите чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорна група изучувајќи го во исто време и македонскиот и турскиот фолклор. Како дебитант на музичката сцена се појавува во 1985 година на фестивал на забавни мелодии.

Паралелно пее на турски, албански и македонски јазик.

Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посвети на македонската фолк песна.

To top