Хроника

Тинејџерка од Турција тешко повредена, автомобилот во кој се возела удрил во билборд

Тинејџерка од Турција тешко повредена, автомобилот во кој се возела удрил во билборд

На 19.11.2025 околу 00:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Пролет“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.Х.(23) од Турција, изгубило контрола и удрило во рекламен билборд.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.А.Е.(18) од Турција, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top