На 18.11.2025 околу 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„52“ и ул.„49“ во населба Стопански двор во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од 35-годишната Л.Б. од Германија и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д.(51) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки О.Ш.(49) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатниците М.Ш.(22), Е.И.(23), А.Р.(30) сите од Скопје од истото возило, како и Л.Б. и нејзиниот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.