Фудбал

ВО ЖИВО: Дознајте ги противниците на Македонија за пласман на СП 2026

ВО ЖИВО: Дознајте ги противниците на Македонија за пласман на СП 2026

Во седиштето на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе бидат извлечени двојките за плејофот за пласман на Мундијалот 2026.

Во четвртиот шешир за европските баражи се наоѓа и македонската репрезентација заедно со Шведска, Романија и Северна Ирска.

Овие селекции во полуфиналето ќе добијат ривал од Шешир 1 во кој се сместени: Италија, Данска, Турција, Украина.

Другите четири двојки ќе бидат формирани од вториот (Полска, Велс, Чешка, Словачка) и третиот (Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово) шешир.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Ќе се играат две рунди: полуфинале (26 март 2026 година) и финале (31 март 2026 година). Четирите победници ќе се пласираат на Светското првенство 2026 година.

To top