Македонија „Без соодветна грижа за кадар е оставен и овој Институт“

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе сликање и импровизирање, помалку конкретно и суштинско подобрување на состојбите на Универзитетскиот институт за радиологија

Повеќе сликање и импровизирање, помалку конкретно и суштинско подобрување на состојбите на Универзитетскиот институт за радиологија каде се третираат пациенти од цела држава, велат во соопштение од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Повеќе сликање и импровизирање, помалку конкретно и суштинско подобрување на состојбите на Универзитетскиот институт за радиологија

Без соодветна грижа за кадар е оставен и овој Институт единствен од ваков вид во државата, а како резултат на негрижата во кадар читањето резултати од соодветните дијагностички процедури трае со месеци, а тоа е клучно за натамошниот третман!

Новиот мамомат со кој се сликаат здравствените власти се монтира во импровизиран простор кој дури не може и да се нарече просторија!

-Просторот е преграден само со еден ѕид од каде излегуваат рефрактирачки зраци и се зрачат пациенти кои прават прегледи или третман на некој од другите оддели.

На Институтот за радиологија кровот протекува во соба за технолози и истиот е пред распаѓање, но мерки не се преземени!

Во просторијата КТ 2 вратите не се затвораат во целост и постои опасност од ширење радијација!

Во просторијата МР2 нема греење во ходникот и деновите кога има деца за кои е неопходна анестезија, тие мрзнат односно се третираат во недостоинствени и нехумани услови!

За сликање и промовирање служат само просториите каде се сменети прозорците и подот до лекарската соба, досека сите други подови се стари!, стои во соопштението на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

To top