Македонскиот женски одбојкарски шампион, Јанта Волеј Кисела Вода, откако го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе продолжи со натпреварување во ЦЕВ купот.
Одбојкарките на Никола Јаневиќ во 1/16 финалето од ЦЕВ купот ќе се соочат со хрватскиот тим, Младост Загреб.
Првиот натпревар Јанта Волеј го игра на домашен терен, на 26 ноември од 20:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Реваншот се игра една недела подоцна, односно на трети декември во спортската сала „Бојан Страниќ“ во Загреб.
Победникот од овој двомеч ќе „презими“ во Европа и ќе обезбеди пласман во осминафиналето ЦЕВ купот, каде за противник ќе го добие подобриот од дуелите меѓу полската Моја Радомка и чешкиот тим Оломук.