Кошарка

КК Пелистер со пораз се збогува од европската сцена

КК Пелистер со пораз се збогува од европската сцена

Кошаркарите на Пелистер со уште еден пораз го завршија своето „патешествие“ на европската сцена.

Битолчани се поразени во последното коло од групната фаза на ФИВА Европскиот куп од кипарскиот Керавнос. Во дуелот од Д групата, зелено-белите пред битолската публика загубија со убедливи 74-92.

Освен водството од 3-2, се останато мина во знакот на противникот кој победата ја најави уште во првиот дел. Кипарскиот тим го доби првиот квартал со 11, а вториот со 3 разлика, па на одмор замина со +14 (42-56).

Второто полувреме, во кое кипарскиот тим имаше и 25 поени предност, беше само чиста формалност, па Пелистер го претрпе петтиот пораз.

To top