Новата документација повторно ја отвора најконтроверзната мрежа на врски меѓу моќни политичари, милијардери, академици и познати јавни личности. Иако самите мејлови не докажуваат кривично дело, опсегот на имиња што се појавуваат во комуникациите го тесе понатаму политичкиот и правен фокус.
Трамп спомнат во повеќе од илјада мејлови – но без директна комуникација
Според првичната анализа на материјалите, името на Доналд Трамп се појавува во повеќе од илјада мејлови, најчесто како предмет на разговор меѓу Epstein и негови соработници. Во дописите Епштајн тврди дека „секако знаел за девојките“, што веќе предизвика политички потреси во Вашингтон.
Меѓутоа, досега не е објавен ниту еден мејл испратен од Трамп кон Епштајн или обратно. Правните експерти нагласуваат дека спомнување во мејл не е доказ за директна поврзаност, но отвора сериозни прашања за типот на контактите што ги имале.
Кои познати личности се појавуваат во архивата?
Новата архива ги наведува имињата на низа познати личности. Спомнувањето не значи вина, но покажува како Епштајн одржувал мрежа на влијание во повеќе сектори – политика, наука, бизнис и медиуми.
Larry Summers
Поранешен американски секретар за трезор и поранешен претседател на Универзитетот Харвард. Во мејловите се водат дискусии за донации, консултации и приватни средби.
Лери Самерс вчера изјави дека се повлекува од јавност.
„Длабоко се срамам од своите постапки и ја разбирам болката што ја предизвикале. Преземам целосна одговорност за мојата погрешна одлука да продолжам да комуницирам со г-дин Епстајн.“, вели во изјава за CBS News, Самерс.
Peter Thiel и Steve Bannon
Двајца од највлијателните десничарски фигури во САД. Нивните имиња се појавуваат во комуникации за политички стратегии и медиумски влијанија.
Michael Wolff
Познат автор и медиумски стратег. Во мејловите се гледа дека давал совети за јавни настапи и управување со кризен пи-ар.
Принц Ендру
Иако неговата улога е одамна позната, мејловите покажуваат обиди за координирање на наративи и штитење на угледот на кралското семејство.
Принцот Ендру, поради поврзаноста со Епшатјн го изгуби правото да го користи титуларното име „војвода од Јорк“ и нема повеќе да учествува во официјални кралски настани.
Академици од Харвард и МИТ
Неколку професори, вклучително и имиња што веќе претходно биле поврзувани со Епштајн, се појавуваат во разговори за научни проекти, донации и патувања.
Трамп побара истрага за Клинтон и други демократи
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“ објави дека од обвинителката што ја почна постапката ќе бара да ги истражи „врските и односот на Епштајн“ со Клинтон, поранешниот министер за финансии Лари Самерс, основачот на социјалната мрежа „ЛинкдИн“ и донатор на демократите Рид Хофман, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ (JP Morgan), која пружаше услуги на Епштајн, како и „многу други луѓе и институции“.
Што ни откриваат мејловите за мрежата на Епштајн?
Новата документација сугерира дека Epstein не бил само криминалец паралелно активен во елитните кругови, туку и стратег што внимателно одржувал мрежа за влијание.
Мејловите откриваат дека: контролирал јавни наративи преку лојални медиумски, зацврстувал веќe постоечки односи со универзитети, контактирал со политички фигури околу изборни теми, истовремено водел и приватни комуникации со милијардери и научници.
Самиот факт дека толку многу јавни личности се спомнати во неговата архива покажува колку длабоко бил вкоренет во американскиот естаблишмент.
Што следува?
Конгресните комисии најавија дека ќе продолжат со анализа на целата документација, а неколку државни обвинителства веќе побараа пристап до материјалите.
Иако не е јасно дали ќе има нови истраги, притисокот врз јавните личности спомнати во архивата расте. Скандалот повторно ги отвора старите прашања за границите на моќта, влијанието и затворените кругови каде злоупотребата долго останува незабележана.