Фудбал

Aвстрија, Белгија, Шкотска, Шпанија и Швајцарија патуваат на Мундијалот 2026

Aвстрија, Белгија, Шкотска, Шпанија и Швајцарија патуваат на Мундијалот 2026

Европските квалификации за Светското првенство завршија со експлозивна вечер полна пресврти, доцни голови и драматични расплети.

Пет селекции го обезбедија директниот пласман на завршниот турнир, а уште пет ќе мора да ја бараат својата шанса преку европскиот бараж, меѓу кои и Македонија.

Најмногу внимание привлече крајот на Групата Х, каде Австрија со гол во самиот финиш избори историско учество на Мундијал по пауза од дваесет и осум години, додека Шкотска во спектакуларен натпревар ја победи Данска и се враќа меѓу светската елита за првпат по 1998 година. Белгија ја заврши работата со седум голови, а Шпанија и Швајцарија исто така се пласираа со ремија кои им беа доволни да ја заокружат кампањата.

Босна и Херцеговина, Данска, Косово, Турција и Велс ќе играат бараж, а последниот ден донесе и изненадувачки моменти како водството на Сан Марино во Букурешт и првата победа на Бугарија во кампањата.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

 

To top