Занимливости -71 степен

ВИДЕО: На најладното место на планетата домовите немаат тоалет, а една појава е восхитувачка

Деновиве температурите во Македонија се под нулата и многумина не сакаат ниту да излезат од своите домови.

ВИДЕО: На најладното место на планетата домовите немаат тоалет, а една појава е восхитувачка

Деновиве температурите во Македонија се под нулата и многумина не сакаат ниту да излезат од своите домови.

Но, овие наши температури под нулата делуваат многу пријатно во однос на -45 степени Целзиусови колку што моментално е во Јакутск, најладниот град на светот.

Тамошните просечни температури во јануари изнесуваат -50 степени, а најниската температура која некогаш била измерена во овој руски град е -71.

Јануари е најладниот месец во Јакутск, а жителите на овој град преземаат дополнителни мери за да се заштитат. Меѓутоа, воздухот е толку ладен поради што замрзнувањето претставува константна опасност.

Како луѓето живеат?
Како луѓето воопшто ја поднесуваат таквата температура? Имено, нивните домови се добро изолирани, опремени со специјални системи за греење, а облеката која ги штити од ладното станала неизоставен дел од нивниот живот.

За да се заштитат од студенилото, жителите на Јакутск немаат само една туку неретко и три излезени врати од зградите, како и теписи на надворешните скали затоа што улиците се смрзнати и лизгави.

Во селото Ојмјакон се живее без канализација затоа што цевките замрзнуваат, па тоалетите главно се наоѓаат надвор од куќите.

Замрзнуваат и мобилните телефони, а оние кои немаат греење автомобилите не ги гасат во текот на вечерта за сабајле да можат да возат.

Јакутск има околу 355.500 жители, а луѓето претежно се занимаваат со сточарство и риболов.

Во градот којшто се наоѓа околу 450 километри јужно од арктичкиот круг тлото е ладно дури и во текот на летото, кога температурите можат да достигнат и 30 степени или повеќе.

Тлото никогаш не одмрзнува. Но, интересно е тоа што во Јакутск налето има многу комарци затоа што лежи на реката Лена.

To top