Словенечкиот ракометар Нејц Цехте заминува од Е.Пелистер и се сели во Бундеслигата, каде ќе го носи дресот на Фуксе Берлин во следните шест месеци.
33-годишниот словенечки интернационалец сè уште беше член на македонскиот шампион, но германскиот гигант му плати отштета за трансферот на битолскиот клуб за да го ослободи порано од предвиденото затоа што има проблеми со повредени играчи.
Цехте има искуство од Бундеслигата, каде четири сезони го носеше дресот на Хановер.
Овој трансфер, заедно со преминот на Алекс Влах во Кјелце, несомнено е една од најголемите словенечки „бомби“ во последните 2-3 сезони.
Цехте е ракометар со огромно искуство во Германија, а една година беше дел и од тимот на ГОГ Гудме. За репрезентацијата на Словенија има постигнато 146 гола на 82 одиграни натпревари.