На 16.11.2025 во 10:40 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од бул.„Видое Смилевски Бато“ со ул.„29 Ноември“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(33) од с.Долно Палчиште и патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(64) од Тетово.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Клиничка болница Тетово, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.