За да го врати своето место во репрезентацијата пред Светското првенство, младиот фудбалер на Реал ѕЕндрик пред сè мора редовно да игра, а тоа е она што му го нуди Лион во Франција.
Веќе наголемо се шпекулира дела Реал Мадрид и Лион се во напредни преговори во врска со позајмицата за која овој фудбалер треба да оди во јануари.
Сепак, деновиве се појави информација дека Челзи се обидува да го „киднапира“ Ендрик од Лион и да го донесе во Лондон.
Доколку ја прифатеше понудата и отидеше во Челзи, Ендрик би играл таму со Бразилците Андреј Сантос, Естевао и Жоао Педро.