Во градското дерби на 7. коло МЗТ Скопје го совладаа амбициозниот состав на ТФТ Скопје со убедливи 80-67, со што ја комплетираа перфектната серија против директните ривали, Куманово и Пелистер, падна и тимот од Тафталиџе.
Најзаслужен за триумфот беше Елајџа Мекејден кој постигна 20 поени (шут од игра 7/10) и додаде 3 скока. Одлична партија пружи и плејмејкерот Андреј Магдевски со 17 поени и 5 асистенции.
Кај поразените, Дарин Говенс беше најефикасен на мечот со 23 поени, но немаше доволно поддршка од соиграчите, освен од Стенли Дејвис кој уфрли 19 поени.
Со оваа победа, МЗТ останува на врвот и потврдува дека е „класа над“ конкуренцијата во овој момент.