Фудбал

Роберто Манчини е нов тренер на Ал Сад од Катар

Роберто Манчини е нов тренер на Ал Сад од Катар

Роберто Манчини има нов ангажман. Тоа е тимот на Ал Сад од Катар кој што денеска и официјално ја објави новата соработка со искусниот стратег.

Поранешниот селектор на Италија потпиша две и полгодишен договор со својот нов клуб

Неговиот ангажман како селектор на Саудиска Арабија заврши неодамна, а тој ете се одлучи повторно да се впушти во авантура наречена Блиски Исток.

Ал Сад е најуспешниот клуб од Катар и има 18 освоени титули.

Сепак, во последно време се мачи на резултатски план па затоа се одлучи за така сериозно тренерско име.

 

To top