Кошарка

Митрашиновиќ најдобар асистент во првото коло, Хемпе трет стрелец!

Митрашиновиќ најдобар асистент во првото коло, Хемпе трет стрелец!

Победата во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2027 година донесе и одлични почетни индивидуални остварувања на нашите репрезентативки.

По првиот круг од квалификациите, Анџелика Митрашиновиќ е прва на листата на најдобрите асистенти. Нашиот капитен реализираше единаесет успешни додавања на средбата со Данска, што заедно со учинокот на Алина Јакупова од Украина, се најдобрите по првото одиграно коло.

Митрашиновиќ е и една од неколкуте кошаркарки кои имаа „дабл-дабл“ ефект. Нашиот бек имаше 14 поени и 11 асистенции (шест скока) за 36.6 минути поминати во игра.

Мерит Хемпе имаше извонреден поентерски старт во квалификациите. Нашиот стартен центар забележа 25 поени, имаше одлично прво полувреме во кое веќе имаше 16, но даде свој придонес и во останатите дваесет минути од играта на средбата во СРЦ „Кале“.

Тоа е трет најдобар поентерски скор, во првото коло. Стартен лидер е Израелката Алиса Барон со 27 поени, пред Холи Винтербурн од Велика Британија која даде 26.

To top