Хроника ОВР Струга

Странски државјанки незаконски престојувале во земјава

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

Странски државјанки незаконски престојувале во земјава

На 12.11.2025 во 07:50 часот во сместувачки објект во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга ја лишија од слобода А.Б.Т.Г.С.(27) од Бразил, а ги приведоа Ј.Т.А.С.(23) и Р.Ц.С.(23) од Бразил, како и Н.О.Ц.(20) од Перу.

При претрес во собите од објектот, кои ги користеле, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, дробилка и други предмети.

Исто така, при претресот е констатирано дека странските државјанки незаконски престојувале во земјава, односно сториле прекршоци по член 147 и член 23 од Закон за странци.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави.

Најнови вести од Хроника

To top