Македонија министерство за јавна администрација

Честитка од министерот Минчев по повод 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје

13 Ноември е ден кога се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и борбата на генерациите кои го ослободија Скопје и ја поставија темелната вредност на која се гради современиот дух на нашиот главен град – слободата.

Овој ден не потсетува дека слободата се негува и брани секојдневно со работа, со труд, почит и одговорност кон заедницата.
Скопје, град на солидарноста и културата, денес расте и се развива во модерен европски центар, а наша заедничка обврска е да продолжиме да го унапредуваме неговиот дух, преку подобри институции, јавни услуги и отворено управување.
Како Министерство за јавна администрација, посветени сме на создавање поефикасни, транспарентни и современи услуги што ќе придонесат кон подобар живот за скопјани и сите граѓани на нашата држава.
Честит 13 Ноември!

Најнови вести од Македонија

To top