Поради поврзување на водоводната мрежа на ул.„Никола Киров Мајски“, без вода од 10:00 часот ќе бидат корисниците од населба Хиподром, дел од населба Маџари, а со намален притисок ќе биде Трубарево, соопшти РЦУК – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работите.