Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, планира да продаде дел од својот удел во тимот, чија вредност според најновите проценки изнесува околу 6 милијарди американски долари.
Волф моментално поседува приближно 33 % од акциите во тимот Мерцедес-AMG Petronas F1, а според светските медиуми, се разгледува продажба на помал дел од уделот со цел да се обезбеди капитал и да се прилагоди сопственичката структура.
И покрај тоа, Австриецот ќе остане на функцијата тимски директор и извршен раководител, а од Мерцедес нагласуваат дека оваа трансакција нема да влијае на управувањето и спортската насока на екипата.
Оваа продажба доаѓа во момент кога Формула 1 бележи рекордни приходи и раст на пазарната вредност на тимовите, што уште еднаш потврдува дека Мерцедес останува еден од највредните брендови во светот на мотоспортот.