Кружниот напаѓач Жарко Пешевски заврши со седум постигнати гола како топ-стрелец, а скоро сите голови беа во вториот дел.
„Овие неколку дена живеевме како едно семејство, знаевме дека меѓу нас владее една атмосфера која мора да ја искористиме. Плус 4000 грла нè водеа шеесет минути, максималн почитувавме тактика и договор. Победата ја заслуживме. Секоја чест за ПИК Сегед, но ние имавме свој ден. Никој не се предаваше, кога некој ќе паднеше на под, сите му подававме раце“, изјави Пешевски.
За Еурофарм Пелистер ова беше втора победа во Лигата на шампионите и воедно прекин на црната низа во елитното натпреварување. Покрај над ПИК Сегед, тимот славеше и над Загреб во Битола.