Република ЈЗУ Општа Болница

Во Кавадарци одбележан Светскиот ден на дијабетесот со превентивна здравствена акција

Акцијата опфаќаше бесплатно мерење на шеќер во крв и крвен притисок, совети, искуства и поддршка за подобар и поздрав живот, совети за здрава исхрана и физичка активност, информативни материјали.

Во Кавадарци одбележан Светскиот ден на дијабетесот со превентивна здравствена акција

Со превентивна здравствена акција, денеска на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан Светскиот ден на дијабетесот.

-ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци, Бела фарм аптеки, ПЗУ Виталиа Медикус, ПЗУ Симбимед и ЈЗУ Центар за јавно здравје, Здружението на дијабетичари „Слатка Насмевка“ Кавадарци, беа дел од оваа заедничка здравствена иницијатива насочена кон превенција, едукација и поддршка за сите лица кои живеат со дијабетес, појаснија организаторите на настанот.

Акцијата опфаќаше бесплатно мерење на шеќер во крв и крвен притисок, совети, искуства и поддршка за подобар и поздрав живот, совети за здрава исхрана и физичка активност, информативни материјали.

– Покажуваме дека грижата за здравјето е заедничка одговорност, превенцијата спасува животи и дека кога сме обединети секој чекор кон подобро здравје е победа за сите нас. Здравјето е наш најголем капитал – превенцијата е првиот чекор. Да се обединиме во борбата против дијабетесот и да ја подигнеме свеста за здравјето во нашата заедница, порачаа организаторите на настанот.

To top