Македонија надеж за лукоил и 550 вработени

Бислимовски гледа шанса за опстанок на „Лукоил“ Македонија

„Лукоил“ во земјава има 550 вработени на 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од осум илјади 320 кубни метри.

Бислимовски гледа шанса за опстанок на „Лукоил“ Македонија

Се бара решение за 550-те вработени во подружницата на руската компанија „Лукоил“ во Македонија откако од овој енергетски гигант одлучија да го продадат имотот во странство по санкциите за нафта што ги воведе американскиот претседател.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на Лукоил Македонија и дека може да се снабдува со деривати од други земји.

– Имав средба со претставникот на Лукоил Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, Лукиол може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи, не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии – рече Бислимоски.

„Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од осум илјади 320 кубни метри.

To top