Свет украинците се потешко се решаваат да војуваат

Кличко бара спуштање на границата на години за мобилизација

Повеќе од 100.000 млади Украинци заминале/избегале во европските земји откако владата во август им дозволи на младите мажи на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата. Само во септември европските земји им дале привремен азил на 79.000 Украинци, рекорден број во еден месец откако почна војната.

Кличко бара спуштање на границата на години за мобилизација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, побара Украина да ја спушти возраста за мобилизирање затоа што сè потешко може да најде војници откако рекорден број мажи заминаа во Европа.

„Порано 18-годишници служеа во армијата, но тоа се деца. Сега се мобилизираат на возраст над 25 години. Може да се спушти границата на 22 или 23 години“, изјави Кличко.

Повеќе од 100.000 млади Украинци заминале/избегале во европските земји откако владата во август им дозволи на младите мажи на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата. Само во септември европските земји им дале привремен азил на 79.000 Украинци, рекорден број во еден месец откако почна војната.

Кличко вели дека иднината на земјата зависи од тоа дали младите ќе се вратат кога ќе заврши војната. „Би биле пресреќни ако половина од младите се вратат. Но, за тоа ни се потребни мир, работа и квалитет на животот“, изјави Кличко.

To top