Останати спортови формула 1

Норис: Минатата година Вегас беше најлошата трка на Мекларен, не очекувам успех

Ние очигледно многу се подобривме оваа година, па тоа ми дава за право да не бидам целосно песимист. Што се однесува за трките во Абу Даби и во Катар, убеден сум дека ќе имаме добри шанси, изјави Норис.

Норис: Минатата година Вегас беше најлошата трка на Мекларен, не очекувам успех

Возачот на Мекларен, Ландо Норис не очекува победа на претстојната трка од Формула 1 шампионатот што ќе се вози во Лас Вегас.

– Мислам дека минатата година беше нашата најлоша трка за нашиот тим. Значи, навистина не очекувам успех. Работевме доста напорно за да ги решиме нашите проблеми. Мерцедес беа неверојатно силни на оваа трка минатата година, исто така и Ред Бул и Ферари. Ние очигледно многу се подобривме оваа година, па тоа ми дава за право да не бидам целосно песимист. Што се однесува за трките во Абу Даби и во Катар, убеден сум дека ќе имаме добри шанси, изјави Норис.

На три трки до крајот во Формула 1 шампионатот, Норис е лидер со 390 бодови, втор е неговиот клупски колега Оскар Пјастри со 366, трет е Макс Верстапен од Ред Бул со 341 освоен бод.

To top