Во рамки на годинешниот календар на Националната федерација на историски возила на Македонија, изминатиот викенд се одржаа третото и четвртото TSD натпреварување (брзина, спретност и прецизност) со јангтајмери – Авто-слалом натпреварувања, Кичево 3 и 4. Овие натпреварувања се бодуваат за шампионатот на Македонија во Авто-слалом со историски возила за 2025 година.
Натпреварувачите со своите возила беа распоредени во повеќе категории и класи и тоа: Класа 1 до 1200 cm3, Класа 2 до 1600 cm3, Класа 3 над 1600 cm3 и Класа 4 – тркачки возила.

Натпреварот го отвори градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јовановски, заедно со претседателот на Националната федерација на историски возила на Македонија, Мојсије Милосавлевски. Во своите обраќања Јовановски и Милосавлевски ги претставија идеите за ревитализација и мултифункционалност на автодромот Кичево.
Официјалните резултати Кичево 3:
Класа 1 до 1200 cm3:
1. Алексансар Марковски – Пежо 205 – ОТК Скопје.
Класа 2 до 1600 cm3:
1. Мојсије Милосавлевски – Даихатсу Шараде – ОТК Скопје
2. Владимир Кулушиќ – Рено Меган – ОТК Класика Прилеп
3. Даниел Даневски – Пежо 206 – ОТК Скопје.
Класа 3 над 1600 cm3:
1. Кире Ставров – Фијат Пунто – ОТК Класика Прилеп
2. Кристијан Василев – Ауди 80 – ОТК Скопје
3. Лазар Стојаноски – Нисан Премиера – ОТК БМВ Скопје.
Класа 4 – тркачки возила:
1. Влатко Костовски – Опел Астра – ОТК Скопје
2. Мојсије Милосавлевски – Југо 55 – ОТК Скопје
3. Димитар Димески – Фијат Сеиченто, ОТК Класика Прилеп.
Пласман на клубови:
1. ОТК Скопје
2. ОТК Класика Прилеп
3. ОТК БМВ Скопје
Резултати Кичево 4:
Класа 1 до 1200 cm3:
1. Алексансар Марковски – Пежо 205 – ОТК Скопје.
Класа 2 до 1600 cm3:
1. Мојсије Милосавлевски – Даихатсу Шараде – ОТК Скопје
2. Дарко Галев – Хонда Сивик 1.6 – Мини Класик Скопје
3. Мишо Сиљановски – Застава Југо 1.4 – ОТК Скопје.
Класа 3 над 1600 cm3:
1. Бојан Сидороски – Голф 2 1.8 – ОТК Скопје
2. Кристијан Василев – Ауди 80 – ОТК Скопје
3. Дејан Здравкоски – пежо 206 – ОТК Скопје.
Класа 4 – тркачки возила:
1. Влатко Костовски – Опел Астра -ОТК Скопје
2. Мојсије Милосавлевски – Југо 55 – ОТК Скопје
3. Александар Љубовчевиќ – Застава 750 Прото, ОТК Мини Класик.
Пласман на клубови:
1. ОТК Скопје
2. ОТК Класика Прилеп
3. ОТК Мини Класик.