Кошарка

Редик бесен по поразот: „Сè тргна наопаку уште по две минути“

Редик бесен по поразот: „Сè тргна наопаку уште по две минути“

Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Џеј Џеј Редик, беше видно бесен по поразот на неговиот тим од Атланта Хокс со 122-102.

По натпреварот, стратегот на Лејкерси ја прекина прес-конференцијата по само една минута, јасно изразувајќи го своето разочарување.

-Сфатив дека сме во проблем уште во првите две минути од натпреварот, изјави Редик, критикувајќи ја слабата енергија и недостигот на ангажман кај своите играчи. Лејкерси направија дури 19 загубени топки, од кои Атланта постигна 36 поени, што беше клучниот фактор за убедливиот пораз.

Редик најави промени и посериозен пристап во наредните натпревари, додека Лејкерси влегуваат во серија тешки гостувања.

Овој неуспех повторно го отвори прашањето за конзистентноста и мотивацијата во тимот предводен од Леброн Џејмс.

To top