Останати спортови Формула 1

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

Второто место му припадна на Андреа Кими Антонели од Мерцедес, кој успеа да го издржи притисокот на актуелниот шампион Макс Верстапен. Возачот на Ред Бул, сепак на крајот мораше да се задоволи со третото место.

Триумф на Ландо Норис на ГН за Бразил

Возачот на Мекларен Ландо Норис е победник на трката за Големата награда на Бразил. Тој на доминантен начин стигна до победата и имаше неверојатен викенд во Бразил со победа во спринтот, пол позиција во квалификациите и место на највисокото место на подиумот во трката.

Lando extends his championship lead to 24 points with a perfect end to the perfect Sao Paulo Grand Prix weekend 💪

Posted by F1 on Недела, 9 ноември 2025

Второто место му припадна на Андреа Кими Антонели од Мерцедес, кој успеа да го издржи притисокот на актуелниот шампион Макс Верстапен. Возачот на Ред Бул, сепак на крајот мораше да се задоволи со третото место.

It might not have been the top ten we expected, but the top ten showed their worth to secure points from the Sao Paulo Grand Prix 👏

Posted by F1 on Недела, 9 ноември 2025

Верстапен со третото место ги надмина сите проблеми од квалификациите, како и лошиот момент кога му пукна гумата. На четвртото место трката ја заврши Џорџ Расел од Мерцедес, а Оскар Пјастри заврши на петтото место.

Во генералниот пласман лидер е Норис со 390 бодови, или 24 повеќе од Пјастри, додека на третата позиција е Верстапен со 341.

Следната трка ќе се вози за Големата Награда на Лас Вегас, која е на програмата од 20-22.ноември.

To top