Почетокот донесе израмнета игра, но во 13-тата минута Металург ја презеде иницијативата и со серија од пет гола поведе со 8:3.
Металург продолжија во исто темпо и во 17-тата минута ја зголемија предноста на 10:5. Сепак,
Сплит возврати со серија од пет гола и израмни на 10:10, враќајќи се целосно во игра. Во финишот на полувремето се водеше голема борба.
Металург повторно успеа да поведе со 12:10, но хрватскиот состав веднаш израмни. На пауза, сепак, нашиот тим замина со минимална предност од 13:12.
Во второто полувреме следеше голема борба и резултатска неизвесност. Двете екипи се менуваа во водство, а Металург во 46-тата минута успеа да направи предност од 21:18.
Гостинките ја одржуваа контролата до самата завршница, но Сплит не се предаваше и во 58-тата минута израмни на 23:23. Натпреварот заврши со конечни 24:24, што остава сè отворено пред реваншот.
Најефикасна во редовите на Металург беше Коларовска со осум голови, додека Миновска и Божиновска постигнаа по три. Реваншот е закажан за 16 ноември во 15:00 часот во салата Автокоманда.