Македонија Град Скопје

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје

„Ќе бидам претседател на сите советници во Советот без разлика на нивната политичка припадност. Ќе бидам и глас на разумот и посредник на дијалогот кога тоа ќе биде потребно. Ќе бидам гаранција дека градското собрание ќе ја врати довербата на граѓаните“, порача Димитровски по изборот.

Даме Димитровски нов претседател на Советот на Град Скопје

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје на локалните избори, Даме Димитровски, е избран за претседател на Советот на Град Скопје.

Димитровски беше предложен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која заедно со советничката група на ВЛЕН има мнозинство во Советот.

„Ова не го сметам само за функција, туку и за доверба која ја добивам од вас како избрани претставници од сите жители на Скопје кои очекуваат да видат институција која ќе работи чесно, одговорно и во интерес на граѓаните. Ќе бидам претседател на сите советници во Советот без разлика на нивната политичка припадност. Ќе бидам и глас на разумот и посредник на дијалогот кога тоа ќе биде потребно. Ќе бидам гаранција дека градското собрание ќе ја врати довербата на граѓаните“, порача Димитровски по изборот.

To top