Ракомет

Ако киксне на ЕП, познат е ривалот на Македонија во првиот бараж за СП

Ако киксне на ЕП, познат е ривалот на Македонија во првиот бараж за СП

Европската ракометна федерација – ЕХФ ја одржа ждрепката за баражите за Светското првенство кое ќе се одигра во Германија во 2027 година.

Македонија ќе игра бараж за настап на овој турнир, а од пласманот на следното Европско првенство ќе зависи дали еден или два.

Доколку Македонија го избегне последното место во групата би го скокнала вториот бараж, меѓутоа ако заврши зад Данска, Португалија и Романија би имала две пречки до Мундијалот.

Целта секако ќе биде добар резултат на Европското првенство, но при крах и лош резултат Македонија во вториот бараж би играла со Турција

Вториот бараж филтер се игра во март 2026 година, а главниот бараж е на програмата во мај.

To top