Во машката ракометна Супер лига вечерва беа одиграни два натпревари од десеттото коло.
Фаворитите за највисок пласман Еурофарм Пелистер и Охрид славеа очекувани победи.
Aктуелниот шампион битолски Еурофарм Пелистер во локалното „пелагониско дерби“ го совлада Прилеп на гости убедливо со 40-25.
Составот на Охрид пак на гостувањето во Скопје, беше подобар од Бутел со 25-19.
На првата позиција на табелата од ракометната Супер Лига прв останува Вардар со 20 бодови, два повеќе од Алкалоид.
Битолски Еурофарм Пелистер е трет со 17, а Охрид кој е на четвртата позиција сега има 15 бода.