Македонија Управа за извршување на санкции

Лица од КПУ Затвор – Битола активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат

Лица од КПУ Затвор – Битола активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат

Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции и Македонија Пат, денес го започнавме првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола, кои активно учествуваат во чистење и уредување на просторите покрај магистралниот пат, соопшти Управа за извршување на санкции.

„Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите. Во наредниот период, планираме во активностите да бидат вклучени и лица од останатите КПУ и КПД, со што ќе ја прошириме и интензивираме оваа корисна практика, овјавиа од управата.

Уверени сме дека со заедничка работа и континуирана поддршка, ќе постигнеме уште подобри резултати и почиста околина. Ова е само почеток на една партнерска соработка која ќе продолжиме да ја развиваме и понатаму, соопшти Управа за извршување на санкции.

Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции и Македонија Пат, денес го започнавме…

Posted by Управа за извршување на санкции/Uprava za izvrsuvanje na sankcii on Среда, 5 ноември 2025

To top