Познати

Дијана Оу-Џи во „Ништо лично“

Дијана Оу-Џи во „Ништо лично“

Јавноста ќе ја запознае како пејачка, која жанровски ги негува новите стилови како рапот, трапот, ар ен би музиката… Остра на јазик, бескомпромисна во своите текстови, полни со гнев, уличен сленг, па дури пцости, онакви какви што налагаат музичките жанрови кои ги негува. Можеби токму заради тоа што животот воопшто не ја галел и милувал – напротив судбината била сурова со неа уште од малечка.

Printscreen/Instagram

Растена во дисхармонично семејство во кое царувале зависностите и криминалното досие на еден од родителите, детството ќе биде приморана да го живее со нејзината баба која ќе и биде се’… И татко и мајка и родител и старател и другарка. Рано ја запознава улицата и животот на неа, кои ќе влијаат во нејзиниот развој и како личност и подоцна како естраден артист.

Printscreen/Instagram

Но музиката не она што најпрвин ќе стане поле за израз на нејзината креативност, туку поезијата. Почнува да пишува песни, има и своја збирка поезија насловена „Страст од мртво шепотење“. Поезија во која ги отсликува своите чувства на емотивна празнина, тага и самотија… Заради тешкото детство, првите љубовни бродоломи или обете работи?!

Printscreen/Instagram

Непосредно пота доаѓаат и првите песни под закрила на одредени продукции на таканаречената алтернативна нова сцена, од која ќе излезат куп нови деца како „2Бона“, „Таско“ „Тракер“, „Луна“, „Пајак“…

Printscreen/Instagram

Љубител на тетоважи од која секоја има свое значење прилично го има „исшарано“ своето тело. Не и и страно и рекративното користење Марихуана за кое отворено зборувала во повеќе наврати во медиумите.

Printscreen/Instagram

Покрај музиката, јавноста ќе ја запознае и по нејзините разголени фотографии и клипчиња на нејзината сопствена „Only fans“ страница за возрасни, од која таа доаѓа до дополнителна заработка.

Printscreen/Instagram

Заради поголема афирмација ќе стане и една од оние познати Македонки кои ќе си ја пробаат среќата во реалните шоуа, па ќе замине во Белград, каде беше учесник во најпознатото регионално ријалити „Задруга“, сега преименувано во „Елита“.

Printscreen/Instagram

Позната како дама „без влакна на јазикот“ често отворено говори за многу нешта што другите редовно ги премолчуваат, но знае да направи и невидена кавга и по некој скандал, особено кога ќе ја изнервираат, а као што самата вели, најмногу ја нервира неправдата и кога некој во здрав разум се обидува да ја направи„будала“! Тогаш таа умее да експлодира!

Printscreen/Instagram

По учеството во Задруга ќе се обиде да живее на релација Скопје-Белград, каде работејќи разни работи пробува да направи регионална кариера, снимајќи соло песни на српски или дуети со познати српски трап иведувачи, па така веќе станува позната и присутна во добар дел и од српските медиуми.

Printscreen/Instagram

Но, последнио нешто со шо ја шокираше јавноста беше нејзинот апсење во Србија и подоцна екстрадицијата во Македонија во притвор во Шутка. Беше пуштена на слобода, поточно во домашен притвор со тоа што на себе мораше да носи електронска безбедносна алка со локатор на нејзиното ограничено движење, таканарачената „наногица“.

Printscreen/Instagram

Меѓу две влегувања во студио, две пости на Белград или две судски рочишта, на гости во интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски доаѓа токму таа, Дијана Дурлевиќ или попозната како Дијана Оу Џи, за да зборува за сите свои животни, љубовни и музички премрежја, за сите свои растежи падови, успеси и потопи, за сите искуства и потези, радости и стресови…

Printscreen/Instagram

За сето она што за неа малку се знае или воопшто не се знае, а и она што е познато и јавно кажано да биде демантирано или уште еднаш потврдено.

Printscreen/Instagram

Премиерата на поткастот, односно интер ток шоуто „НИШТО ЛИЧНО“ оди вечерва, среда, 05-ти ноември од 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (@Kurir.podcast).

To top