Во меч од третата рунда одигран вечерва во СЦ „Кале“, тимот на ТФТ беше поразен од словенечкиот Хелиос Домжале со 83-84.

Во израмнетата прва четвртина, гостите беа подобри за еден поен (23-24), но по втората ТФТ создаде предност од пет поени 41-36. Македонскиот вицепрвак најголемата предност ја имаше на стартот на вториот дел кога водеше со +7.

Сепак гостите од Словенија не се откажаа, па успеаја да ја надокнадат. Во последниот квартал ТФТ влезе со +4 (65-61). не успеаја избраниците на тренерот Смилковски да го наметнат својот посакуван ритам, па во неизвесната заврница гостите подобро се снајдоа и славеа победа.

Лончар со 27 поени за Хелиос беше нерешлива енигма за тимот на ТФТ во чии редови по 16 поени постигнаа Зафиров и Говенс.

Во следното коло, ТФТ го чека гостување кај Широки Бријег на 18 ноември.