Новиот спортски центар располага со фудбалско игралиште, игралиште за кошарка со современа полипропиленска подлога, како и зона за рекреација опремена со спортски реквизити.

Овој проект претставува уште еден значаен чекор во рамки на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура низ целата држава, со јасна цел – спортот да биде достапен секаде и за сите.

-Продолжуваме со реализација на проекти што создаваат подобри услови за спорт и рекреација во сите населени места. Спортот е најдобрата инвестиција во здрави генерации и сплотена заедница, рече градоначалникот Стојкоски.

Нашата цел, како што рече министерот Ристовски, е секое дете, секој млад спортист и секој граѓанин да имаат можност да тренираат и да се рекреираат во современи услови.
-Со овие вложувања не градиме само спортски објекти, туку градиме и здрави навики, заедништво и идни шампиони – изјави министерот Ристовски.

Просторот ќе биде наменет пред се за учениците од училиштето, но и за локалните спортски клубови и граѓаните на општината.