Арсенал подготви рекорден договор за својата најголема ѕвезда Букаја Сака, кого „топџиите“ сакаат да го задржат во клубот до летото 2030 година.
Дваесет и четиригодишниот Сака има договор со Арсенал до летото 2027 година, а „топџиите“ сакаат да го продолжат неговиот договор за уште три сезони.
Според англиските медиуми, претставници на Арсенал и Сака се сретнале неколку пати во последните недели, а раководството на клубот јасно стави до знаење дека сака да го задржи во своите редови во следните пет години.
На Сака му беше понуден договор вреден 14 милиони евра годишно, а се очекува наскоро и официјално да ја продолжи соработката со лондонскиот клуб.