Младен Жижовиќ, поранешниот тренер на Шкупи, и сегашниот предводник на Раднички Крагујевац, почина на 44-годишна возраст сред натпревар во првенството на Србија.
На Жижовиќ му се слошило во текот на првиот дел на натпреварот против Младост Лучани.
Иако лекарите брзо реагирале, и го однеле во болница, сепак, стратегот не успеа да се спаси.
Натпреварот во Лучани веднаш бил прекинат.
Жижовиќ е стратег кој доаѓа од БиХ. Го водеше Шкупи во сезоната 2023/24. беше потоа и на клупата на Борац Бања Лука, со кој успеа да го донесе најголемиот успех во историјата, и да се пласира во Лигата на Конференции минатата сезона.
Меѓутоа во текот на оваа година го напушти тимот, и пред неколку дена се пресели во Раднички Крагујевац. Ова беше негов втор меч на клупата на српскиот прволигаш.
Беше тренер и на Слобода Тузла, Зрински Мостар и Радник Бијељина.