Тимот на Вулверхемптон му врачи отказ на својот менаџер, Витор Переира.
Катастрофалниот пораз од Фулам (3-0) беше последната капка. Португалецот, кој и самиот го нарече тој настап „најлош“ откако е во клубот , беше испратен со гласни скандирања „утре добиваш отказ“ од сопствените навивачи
Трпението очигледно истече по елиминацијата од Карабао Купот (4-3 од Челзи) и дебаклот на „Крејвен Котиџ“. Заедно со Переира, клубот го напушта и целиот негов стручен штаб. Тренинзите привремено ќе ги водат тренерите на У21 и У18 тимовите.