Македонија ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ очекува одличен изборен резултат: Од утре продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност

-Очекуваме голема победа. Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност, рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ очекува одличен изборен резултат: Од утре продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност

На крајот од овој значаен изборен ден можеме со гордост да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство,  и демократска свест, истакна членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски на првата прес-конференција по затворањето на избирачките места.

-Денес нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин. Им упатуваме огромна благодарност на сите граѓани кои излегоа на гласање и ја покажаа својата одлучност и доверба. Ви благодариме за поддршката, за вербата и за тоа што застанавте на вистинската страна, на страната на напредокот, вредностите и стабилноста. Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера. Тоа е доказ дека Македонија може да спроведе демократски избори по највисоки стандарди, рече тој.

ВМРО-ДПМНЕ очекува одличен изборен резултат.

-Очекуваме голема победа. Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре продолжуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање, Манасиевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ очекува победа во секоја општина каде има свој кандидат за градоначалник. Убедлива победа очекуваат и во Град Скопје.

To top