Кошарка

МЗТ Скопје го победи МКК Куманово

МЗТ Скопје го победи МКК Куманово

Кошаркарите на Куманово по четирите победи на стартот на сезоната, го претрпеа првиот пораз.

На гостувањето во Скопје, а во натпревар од 5.коло на Супер лигата, МЗТ Скопје Аеродром го совлада Куманово со 73-60.

Шампионот победата ја најави уште во првото полувреме.

По израмнетата прва четвртина, во втората МЗТ ја доби со шест разлика (17-11). Аеродромци во третиот квартал беа за девет поени подобри (23-14), па во последниот влегоа со двоцифрена предност 52-37 (+15).

Тоа им ја олесни работата по последниот период кој го одиграа искусно и рутински.

Прв стрелец во победничката екипа беше Гил со 23 поени, а двоцифрен беше и Војдан Стојановски постигна 19.

Со оваа победа МЗТ сега има 8 бодови како Пелистер и ТФТ кои своите натпревари ќе ги играат утре, а еден помалку од Куманово кој е моментален лидер на табелата.

To top