Македонија АМСМ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на km 14+200 (близу с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради изведување на градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот од 07:00 до 17:00 сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со светлосна сигнализација – семафори.

Најнови вести од Македонија

To top