Ракомет

Возобновувањето на манифестацијата „Ракометари на Македонија“

Возобновувањето на манифестацијата „Ракометари на Македонија“

Ракометната федерација на Македонија ја најави повторната реализација на свечената манифестација „Ракометари на Македонија“, која ќе се одржи денес на 1 ноември 2025 година во хотел Хилтон во Скопје.

На свеченоста ќе присуствуваат бројни истакнати имиња од македонскиот и регионалниот спорт – ракометни легенди, актуелни играчи, спортски работници, спонзори и медиуми. Манифестацијата ќе ја отворат претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов и министерот за спорт, Борко Ристовски, со пригодни обраќања.

Преку свечената церемонија и доделувањето на награди во 14 категории, Ракометната федерација на Македонија го оживува духот на една спортска традиција која ќе продолжи и во годините што следат.

„Ракометари на Македонија“ претставува вечер на признание, емоција и гордост – момент кога македонскиот ракомет го слави својот континуитет, своите идоли и сите кои го испишуваат богатото спортско наследство на државата.

To top