Ураганот Мелиса се движи кон Бермудските Острови, откако предизвика катастрофални штети и повеќе од 30 жртви во Хаити, Јамајка и Куба, соопшти Националниот центар за урагани на САД.
Во моментов, окото на ураганот се наоѓа на околу 980 километри југозападно од Бермудите и 475 километри североисточно од Централните Бахами, со постојани ветрови од 165 км/ч и движење кон североисток со брзина од 33 км/ч.
Метеоролозите предупредуваат дека ќе предизвика опасни бранови и морски струи, а над Бермудите се очекуваат тропски ветрови вечерва, пред ураганот да ги зафати островите во текот на ноќта.
Мелиса досега усмрти најмалку 32 лица – 23 во Хаити, четворица во Јамајка, четворица во Панама и едно лице во Доминиканската Република, и остави зад себе сериозни разурнувања на Куба.