Технологија новитет

YouTube со вештачка интелигенција ќе ја зголемува резолуцијата на видеата објавени под 1080p

YouTube најави пет нови функции за платформата, меѓу кои и користењето на вештачка интелигенција за зголемување на квалитетот, односно резолуцијата на видеата.

Ова подобрување се планира да се прави за видеата кои се објавени со пониска резолуција, а во денешно време тоа се смета за видеа со резолуција под 1080p, односно под Full HD.

Овие видеа ќе бидат означени за да може да се препознае „upscaling“ процесот, па корисниците ќе знаат дека гледаат подобрено видео преку ознаката „Super resolution“.

Ова очекувано не доби позитивни реакции од сите, посебно некои од креаторите, па поради тоа YouTube ја додаде можноста видеата да се гледаат во оригиналната резолуција, а креаторите можат и да изберат нивните видеа да не се дел од овој процес.

Без разлика дали ќе изберат да не се дел од процесот, оригиналните датотеки до видеата остануваат, па креаторите и корисниците секогаш ќе можат да ги гледаат.

Од сервисот исто така најавија дека го зголемуваат ограничувањето за насловните слики на видеата од 2 на 50 мегабајти, што е одлично.

To top